ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

January 16, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.

Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала.

Даути, образложувајќи ја оставката, посочи дека тоа е врв на срамот што се случил во Собранието.

– Ако живеевме во нормална држава, тогаш ова седница немаше да се одвива и јас немаше да имам потреба да земам збор. Ова е врвот на срамот што се случил во Собранието и е директна закана кон еден избраник од граѓаните, како и држење под контрола на истиот. Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира дополнителни услови како да дејствуваат институциите. Нема да прифатам различни услови на дејствување надвор од Деловникот. Избирам да дејствувам слободно, без условувања и да ги заштитам вредностите на демократијата и слободата. Така дејствував и кога го донесовме Законот за државјанство, кога искористувајќи ги сите механизми, го одблокиравме и донесовме законот, рече Даути.

Посочи дека и за Законот за бранители ги користила сите можности во согласност со Деловникот со цел да се подигне нивото на дебата во врска со потребата од третирање на страните од војната во 2001 година подеднакво.

– Зошто Апасиев и останатите пратеници од Левица во врска со Законот за бранители, не побараа точката да се стави на дневен ред? Јас ќе ја додадов точката на дневен ред, но се поставува прашањето зошто пратениците тоа не го побараа. Рокот за ставање на точката на дневен ред помина и мене не ми дозволуваше Деловникот да ја додадам таа точка. Овие 61 пратеници си играат „мејтап“ со власта. За мене услов е да се почитуваат сите националности, рече Даути..

Интерпелацијата на Даути беше поднесена од пратеничката група Левица. Собранието констатираше дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата тогаш не присуствуваа пратениците на СДСМ.

Поврзано: 

Илире Даути поднесе оставка, побара на пленарна седница да ја образложи

Next Post

Во штипската болница во тешка состојба било примено деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болети во Скопје

НАЈНОВО

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025
Фото:МИА

Доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk