Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска соопшти дека неговата земја испратила нова пратка од 50 тони хуманитарна помош во Газа.
Тој рече дека Италија на тој начин ги продолжува напорите да им помогне на палестинските цивили загрозени во војната меѓу Хамас и Израел, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Според Крозето, бродот со хуманитарна помош собрана од сојузот на католички добротворни организации тргнал од северното италијанско пристаниште Монфалконе и е на пат за Кипар, од каде пратката ќе биде испратена во Газа.