Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го победи Чехот Јиржи Легечка во мечот од четвртото коло на Австралија Опен 2025 година – 6:3, 6:4, 7:6 (7:4).
Мечот траеше 2 часа и 41 минута.
Ѓоковиќ сервираше 9 асови, направи 3 двојни грешки и реализираше 3 од 11 брејк топки, Легечка сервираше 11 асови, направи 4 двојни грешки и реализираше 1 од 3 брејк топки.
Во четвртфиналето 37-годишниот Србин ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз.
Вкупниот награден фонд на Грен слем турнирот во Австралија Опен 59,9 милиони долари.
Ѓоковиќ стана вториот играч во Опен ерата кој стигнал до четвртфиналето на барем еден Грен слем турнир во сингл за мажи во 20 сезони. Ова достигнување го има и Роџер Федерер.