Најмалку 16 лица го загубија животот, а десет се повредени во лизгање на земјиште предизвикано од обилните врнежи во Индонезија, соопштија полициски претставници.
Свлечиштето ја погоди централната провинција на големиот индонезиски остров Јава.
Најмалку пет лица се водат како исчезнати, а акцијата за спасување е во тек.
Одроните се вообичаени во индонезискиот архипелаг за време на дождовната сезона, меѓу ноември и април.