ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Основните минимални трошоци во јануари повисоки за 391 денар, за ССМ оправдано е барањето за зголемување на платите

January 21, 2025 13:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се зголемени за 10,43 проценти што значи дека инфлацијата не е 3,5 проценти како што покажуваат статистичките податоци, туку над 10 проценти.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

– Граѓаните во Македонија не дека живееме многу добро и имаме многу добри плати, па пазариме и со тоа ја погреваме инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега дека во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производуте кои на светските берзи бележат намалување, истакна Трендафилов.

Како што посочи, информациите говорат дека цената на житото на светските берзи е намалена за околу 13 проценти, а кај нас цената на лебот е намалена само за еден денар и нема намалување на цените на брашното и други производи.

– Сметаме дека е добро Владата како што почна на почетокот во септември да им ги извади фактурите за набавната вредност на производите кои се увезуваат и да покажат по која цена се увезени производите, а потоа по која цена ги продаваат, рече Трендафилов.

Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано.

Од ССМ сметаат дека се потребни и други мерки од страна на Владата, а во следниот период најавуваат поригорозни мерки за да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од почитувањето на мерките.

Next Post

Ученик од Прилеп се здобил со тешки повреди откако паднал од трети кат

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk