ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра

January 21, 2025 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка. Еве ја целата шема, како парите на граѓаните завршуваат во џебовите на роднините на функционерите од ДПМНЕ, истакна на денешната прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

„СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева. Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“. Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер“, рече Илиевски.

Илиевски вели дека „ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси“.

„Владата на ДПМНЕ овозможува коруптивни шеми за лични интереси на функционерите од власта. Ова е синдром на еден коруптивен систем на ДПМНЕ кој работи за испумпување на парите на граѓаните, само за богатење на мал круг луѓе блиски до власта. Со вакви криминални шеми, Владата на Мицкоски го уништува правото и  ја нарушува довербата на граѓаните во системот. СДСМ бара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции. Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал. Ваквите скандали мора да завршат! Граѓаните заслужуваат власт која ќе работи во нивни интерес, а не за лични и фамилијарни профити“, потенцира Илиевски.

 

Next Post

Указот на Трамп за укинување на правото за државјанство по место на раѓање оспорен од 18 сојузни држави

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk