ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски: Се води соодветна постапка под надлежност на ЈО за тоа дали бегството на Груби било организирано

January 22, 2025 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се води соодветна постапка под надлежност на Јавното обвинителство за тоа дали бегството на Артан Груби е организирано, дали имало други вмешани и така натам, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

Според министерот, уште од првиот ден на бегството на Груби биле преземени дејства од страна на Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР, била отворена внатрешна истрага и сето тоа што е обезбедено како доказен материјал по наредба на јавен обвинител е собрано и по наредба на обвинител е доставено, односно дали станува збор за организирано бегство, група или станува збор само за пропуст на предметниот полициски службеник.

-Од досега собраните докази кои ги имаме за да може да интервенираме во утврдена фактичка состојба во делот на службеникот-сме поднеле кривична пријава и се преземени чекори во насока на суспензија и во насоко на констатирање на негова вина, кривична одговорност согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека полицискиот службеник не погледнува во мониторот и му дозволува да излезе. Тоа е неспорен факт и  тука имаме кривична пријава, рече Тошковски.

Во одговор на друго новинарско прашање за кртовите во редовите на МВР кои ги пробиваат акциите, министерот за внатрешни работи смета дека и покрај дисфункционалниот систем кртовите, односно како што тој ги нарече предавници во МВР, се постигнати драстично различни резулатите во споредба со претходно.

-Само една акција која ја спроведовме во координација со ЈО за гонење на организиран криминал и корупција расветли осум убиства, кои 80-90 отсто се сторени во мандат на мојот претходник. Разликата е очигледна, но уште многу ќе треба да сториме за да имаме максимално професионална полициска служба. Уште многу ќе треба да сториме за да ги решиме кртовите, уште многу ќе треба да решиме за да остане запаметено во јавноста дека криминалот и корупцијата се неисплатливи и за истото за одговара, подвлече Тошковски. 

Next Post

Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Онкологија

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk