Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц побара суштински промени во миграциската политика и драстично зголемување на депортациите по убиството со нож во јужниот град Ашафенбург, јави ДПА.
Мерц, фаворит да стане идниот канцелар на Германија по изборите на 23 февруари, денеска рече дека „конечно е достигната границата“ по последниот напад со нож во кој двегодишно дете и 41-годишен маж беа убиени од авганистански барател на азил со пријавена историја на ментална болест.
„Соочени сме со лоша политика за азил и имиграција која е погрешна во Германија веќе 10 години“, рече Мерц во Берлин, алудирајќи на одлуката на поранешната канцеларка Ангела Меркел да дозволи стотици илјади баратели на азил да влезат во Германија во текот мигрантска криза во 2015 година.
Мерц од централно-десничарската Демохристијанска партија (ЦДУ) рече дека нападите извршени од мигранти во германските градови, вклучувајќи ги Манхајм, Солинген и Магдебург во изминатата година не можат да станат „нова нормалност“.