ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Селена Гомез во солзи со емотивно видео против имиграциската политика на САД

January 28, 2025 16:50
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Латиноамериканската пејачка и глумица, Селена Гомез вчера сподели видео на „Инстаграм“, со натпис „Жал ми е“ и мексиканското знаме, во коешто со плачење ја критикува имиграциската политика на претседателот на САД, Доналд Трамп. Но, набргу потоа, видеоснимката беше избришана, пишува „Јаху ентертејнмент“.

– Сите мои луѓе се нападнати. И децата. Не разбирам. Многу ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам!, рече Гомез во видеото.

Според нејзините критичари, ова е поддршка за незаконското влегување и доселување во САД.

Во следната приказна на „Инстаграм“, откако претходното видео веќе беше недостапно, Гомез напиша: „Очигледно не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“.

Само еден ден претходно, 956 лица беа уапсени во акција на надлежните за имиграција ширум САД – најмногу откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател, според Службата за имиграција и царина. Стотици уапсени имаше и претходните денови.

Гомез во повеќе наврати говори за доселениците, бидејќи и таа е потомка на доселеници кои во 1970-тите дошле во САД. Во 2019 година, таа ја продуцираше документарната серија „Живеејќи без документи“ (Living Undocumented), што раскажува за лицата со нелегален престој во нејзината држава.

– Недокументираната имиграција е прашање за коешто размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја, благодарение на моето семејство и благодатта на околностите, вели таа во својот документарец.

По нелегалниот влез во САД на нејзината тетка, баба, дедо итн. – заслужни за „храброста и пожртвуваноста“ на нејзиното семејство, како што раскажува родената Американка, татко ѝ е роден во Тексас.

„Но, кога ги читам насловите на вестите или гледам дебати за насилните доселеници на социјалните мрежи, се плашам за оние во слични ситуации. Се плашам за мојата земја“, напиша Гомез во една прилика.

Според Институтот за миграциска политика, поранешниот претседател Џозеф Бајден извршил 1,5 милиони депортации во текот на неговите четири години од мандатот – бројки што „ги отсликуваат бројките на депортации во првиот мандат на Трамп“, пренесува „Јаху ентертејнмент“.

Next Post

Судењето по тужбата на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување од Џастин Балдони закажано во март

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk