ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Часовник на судниот ден“ е поставен на 89 секунди до „полноќ“

January 29, 2025 19:27
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Познатиот „Часовник на судниот ден“ е поставен на 89 секунди до „полноќ“ – што значи дека човештвото е најблиску до самоуништување досега. Имено, научната група околу американското списание „Билтен на атомски научници“, вчера, традиционално, ја објави оваа песимистичка новост, метафорично, но научно оценувајќи колку сме блиску до крајот на светот.

– Го поставивме часовникот поблиску до „полноќ“ бидејќи не гледаме позитивен напредок во однос на глобалните предизвици со кои се соочуваме, вклучително и нуклеарните опасности, климатските промени, биолошките закани и напредокот во разорувачките технологии, рече Даниел Холц, претседател на Одборот за наука и безбедност при „Билтенот“.

Групата научници смета дека војната во Украина „може да стане нуклеарна секој миг“, како и оти воените дејствија на Блискиот Исток би можеле „да излезат од контрола“, додека земјите со нуклеарно оружје го зголемуваат својот арсенал.

– Научниците велат дека обидите за намалување на климатските промени остануваат слаби на светско ниво, бидејќи владите не спроведуваат потребни политики за да го запрат глобалното затоплување. Развојот на биотехнологијата и вештачката интелигенција далеку ги надмина политиката, регулативата и темелното разбирање на нивните последици. При поставување на часовникот нанапред, испраќаме остар сигнал. Бидејќи светот е опасно блиску до пропаст, секое движење кон полноќ треба да се сфати како показател за екстремна опасност и непогрешливо предупредување, додаде Холц.

Што е „Часовник на судниот ден“? Тоа е симболичен начин да ѝ се покаже на јавноста колку светот е блиску до „полноќ“, односно – до апокалипса, или самоуништувањето на човештвото.

„Часовникот на судниот ден е начин за предупредување до луѓето за тоа колку сме блиску до уништување на нашиот свет со опасните технологии што ги правиме. Тоа е метафора и потсетување на опасностите што мора да ги решиме ако сакаме да опстанеме на планетата“, се вели на инернет-страницата.

„Полноќ“ го претставува целосното уништување на Земјата. Можно е „Часовникот“ и да се оддалечи од „полноќ“, што значи дека човештвото во изминатата година презело чекори за да ги намали опасностите во насока на крајот на светот.

– Има надеж. Сигурно, веруваме, часовникот може да се врати назад и има многу дејствија што може да се преземат. Нашата загриженост е дека тие дејствија не се преземаат, рече Холц.

Концептот датира од 1947 година, кога САД и СССР влегоа во новата трка на вооружување, а нуклеарното оружје стана најголемата опасност за човештвото. Уметницата Мартил Лангсдорф добила задача да осмисли нова насловница за „Билтен на атомските научници“. Таа била в брак со Александар Лангсдорф – нуклеарен физичар кој работеше на проектот „Менхетен“ што ги изгради првите атомски бомби во светот.

Слушајќи ги научниците кои работеле на нуклеарната бомба и ја истакнувале важноста јавноста да знае за последиците од новото оружје, Лангсдорф по кусо време го претставила својот „Часовник“, за да покаже дека нема многу време состојбата да се стави под контрола. Уметницата првично го поставила „Часовникот на судниот ден“ на седум минути до „полноќ“, бидејќи „тоа ѝ изгледало добро за очи“, како што самата изјавила.

Tags: Часовник на судниот ден
Next Post

(ВИДЕО) Трагедија во САД: Патнички авион со 60 патници се судрил со воен хеликоптер кај Вашингтон

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk