Фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Елиф Елмас, му се приклучи на Торино како позајмен играч, објави калчолигашот.
Договорот важи до крајот на сезоната 2024/25. Има опција за откуп.
Торино ќе има можност летово да го откупи договор на Елмас со Лајпциг за 17 милиони евра.
„Чест и задоволство ни е што можеме да објавиме дека го комплетиравме трансферот на Елиф Елмас од Лајпциг, на привремена база со опција за перманентен трансфер“, објави Торино.
Дваесет и петгодишниот македонски репрезентативец му се приклучи на Лајпциг во јануари минатата година. За германскиот тим одигра 22 натпревари на кои постигна една асистенција.
Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред на Торино, Иван Илиќ е пред трансфер во Спартак Москва.