Тренерот на Ал-Итифак, Стивен Џерард, ја напушти функцијата, објави прес-службата на саудискиот клуб.
Договорот со 44-годишниот Англичанец беше раскинат со заедничка согласност од двете страни.
Џерард е на чело на клубот од Саудиска Арабија од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 55 натпревари, од кои 19 победи, 16 пати ремизираше и загуби 20 натпревари.
По 17 кола, Ал-Итифак е на 12. место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 19 бодови