ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Драмскиот театар воведува награда „Горан Стефановски“ за драмски текст од млад автор

February 5, 2025 15:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до 20 февруари е отворен конкурс на Драмскиот театар Скопје за наградата „Горан Стефановски“ која ќе се доделува за драмски текст од млад автор, до 30-годишна возраст. Драмските текстови примени на конкурсот ќе ги оценува петчлена комисија и добитникот на нововостановената награда на ДТС ќе биде објавен најдоцна до средината мај годинава.

Наградата се состои од паричен износ од 60.000 денари и обврска на Драмскиот театар да го постави наградениот текст на својата сцена во наредните две сезони.

Директорот на ДТС Роберт Вељановски на прес-конференција денеска соопшти дека иницијативата за наградата е на претходната управа на театарот и со цел да се стимулира драмското творештво кај младите. Според него, се што е добро треба да продолжи и да се надградува.

Како што рече, Горан Стефановски е „еден од амблематските автори коишто биле поставувани на сцената на Драмскиот театар“.

– Горан Стефановски е неиздвоив дел од историјата на Драмскиот театар кој на својата сцена има поставено 15 претстави, од кои осум се праизведби, на драмски текстови на Стефановски. Токму затоа решивме во негова чест од оваа година да востановиме награда со којашто ќе го стимулираме драмското творештво на младите автори со цел и идеја да ни се роди нов Горан, да ни се родат нови претстави кои ќе живеат на сцената на Драмскиот театар и претстави кои ќе го отсликаат времето во кое живееме, рече Вељановски.

Имињата на петте членови на жирито не ги соопшти затоа што треба да бидат одобрени од Управниот одбор, но рече дека се „исклучително сериозни луѓе, дел од нив универзитетски професори“ и оти ќе има „исклучително компетентна и квалитетна комисија која ќе ги проценува“.

Конкурсот е анонимен и пријавувањето со шифра. Пропозициите се содржани во конкурсот што ДТС ќе го објави денеска на својата веб-страница. Подготвено е и визуелно решение за конкурсот, на авторите Бранко Прља и Дарија Пројковска.

Вељановски соопшти дека на денот на објавувањето на добитникот на наградата „Горан Стефановски“ во мај ќе биде промовирана и книгата „Горан во Драмски“ од Александра Бошковска, издадена од ДТС во 2020, која досега не е промовирана зашто е објавена во време на короната. Во книгата се содржани податоци за 15-те претстави на Горан Стефановски поставени на сцената на Драмскиот театар.

На новинарско прашање за буџетот што му е одобрен на ДТС за 2025 со Годишната програма за поддршка на проекти од културата, Вељановски информираше дека имаат поголем буџет од минатата година и неофицијално, како што рече, средствата се околу 100 проценти зголемени во однос на 2024.

– Но, да не шпекулирам, денеска ќе имам средба со министерот за култура и ќе ми бидат соопштени детали за Годишната програма за 2025 година, додаде директорот на Драмски театар-Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Драмски театарнаграда „Горан Стефановски“

НАЈНОВО

Аеродром Скопје. Фото: МИА

ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот

June 6, 2025
Пожар, илустрација. Фото: ВИ

Четири лица загинаа, 14 повредени во пожар во станбена зграда во источна Франција

June 6, 2025

СДСМ прикажа документи: Ја објавуваме вистината за злоупотребите на Љутков

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk