ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција и Шпанија се против на предлогот на Трамп, САД да ја контролираат Газа и да ги раселат локалните жители

February 5, 2025 16:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција и Шпанија објавија денеска дека се против предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа и жителите на палестинските територии да ги преселат на друго место.

„Франција е против секаков вид на присилно раселување на палестинското население од Газа – ова не само што е сериозно кршење на меѓународното право и удар врз легитимните амбиции на Палестинците, но е и голема пречка за решението за две држави, и претставува дестабилизирачки фактор за нашите блиски партнери во Египет и Јордан, и за целиот регион, изјави портпаролот на фрнацуското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемоан.

Тој додаде дека иднината на Газа мора да се решава во контекст на идната палестинска држава и не треба да ја одредува трета страна.

Против предлогот на Трамп се изјасни и шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

„Сакам да бидам многу јасен за ова прашање: Газа е земја на Палестинците и тие мора да останат во Газа“, им рече тој на новинарите.

„Газа е дел од идната палестинска држава која Шпанија ја поддржува и таа мора да постои паралелно со израелската, како и да го гарантира просперитетот и безбедноста на Израел“, додаде Албарес.

Трамп го претстави својот план, без да даде детали, на прес-конференција по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Неговата шокантна изјава наиде на критики од регионалните сили како Саудиска Арабија и Турција, како и од палестинските организации.

Кина исто така се изјасни против раселувањето на Палестинците, а Русија соопшти дека го поддржува постоењето на две одделни независни држави.

Next Post

Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови

EVN

НАЈНОВО

Хоман најави повлекување на дел од имиграциските сили од Минесота

January 29, 2026

(ФОТО) Сидни Свини по патот на Ким Кардашијан: како славните градат брендови за долна облека

January 29, 2026
Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk