РФК (Роберт Ф. Кенеди), министерот за здравство на САД назначен од Трамп, сквернавејќи го славното презиме, ветува дека ќе го сопре „овој криминал” , мислејќи на трагите кои авионите ги оставаат зад себе кога летаат, кои тој и неговите следбеници ги викаат „chemtrails“ и веруваат дека се дел од глобалниот “заговор” за “депопулација” на Земјата и дека всушност содржат “отрови”.
Неговиот славен претходник, ЏФК ( Џон Ф. Кенеди) на 3 ноември 1961 година ја основаше УСАИД, за да се бори против Кремљ помагајќи им на земјите ширум светот, наместо тие да потпаднат под советска доминација. Оттогаш Кремљ сака да го уништи УСАИД.
Не паѓајте на анти-УСАИД пропагандата. Сето тоа доаѓа од Путин, повикува политичката оганизација Occupy Democrats преку својот Фејсбук страница.
Драган Мишев / Цивил Медиа