ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ со став дека Владата работи земјата да биде со стабилен енергетски сектор

February 8, 2025 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Владата работи во насока Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ на кој беше побарано итно укинување или намалување на ДДВ-то за струја и парно.

-Низата погрешни политики на СДС ја откочија спиралата на раст на цените од кои граѓаните и ден денес ги трпат последиците. Класично лицемерие и уште еден од низата на обиди за манипулација со граѓаните од истата СДС која ги осиромаши граѓаните и го уништи животниот стандард. СДС го зголемија ДДВ на прехранбени производи од 5 отсто на 10 отсто и денес апсурдно е да сугерираат за намалување на истото. Eнергетскиот сектор во Македонија во време на  СДС беше на дното, СДС народните пари ги трошеле недомаќински. СДС нема право да зборува за енергетика кога во време на СДС фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртеа милионски суми во енергетскиот бизнис. Единствен проект во енергетиката на СДС беше тоа што сопругата на Ковачевски доби државно земјиште за фотоволтаици од неговата влада. Матните тендери и милионски грабежи во енергетскиот сектор од страна на  СДС се чувствуваат и денес, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека во однос на сметките за струја, Регулаторна комисија ги повикала сите домаќинства кои добиле повисоки сметки за струја да поднесат приговор во ЕВН поради корекција.

Посочија дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции во енергетскиот сектор.

-Уште во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ најави ветерен парк кој ќе се гради на тромеѓето на Штип – Радовиш- Карбинци- инвестицијата која ќе достигне до 500 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ работи во насока Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор, преку низа на мерки и проекти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ денеска ја повика Владата итно да донесе одлука за укинување или намалување на ДДВ-то за струја и парно, како помош за граѓаните да го пребродат овој тежок период.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција истакна дека во финансиски најтешкиот месец во годината, сметките за електрична енергија се драстично повисоки споредено со претходните месеци.

Поврзано: 

(ВИДЕО) СДСМ бара Владата итно да го укине или намали ДДВ-то за струја и парно

Next Post

Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори

НАЈНОВО

Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

Пуштени на слобода чилеанските навивачи по судирите во Буенос Аирес

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk