ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претстава за млади – „Чудо“ вечер во Културен центар „Јадро“

February 10, 2025 09:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Нова театарска претстава за млади -„Чудо“ премиерно ќе биде изведена вечер во Културниот центар „Јадро“ со почеток од 20 часот.

Текстот и режијата се на Хана Миленковска, а во екипата се младите актери: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски. Оригиналната музика е на Ади Имери. Продукцијата на претставата е на „Кома дизајн студио“ (Koma design studio).

Според организаторите, целта на претставата е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој, како што наведува, „геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостиг на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите врсници за одредени прашања“.

– Младите денес сѐ уште се соочуваат со недостиг на слух од образовниот систем, површно третирање на суштински проблеми, како врсничко насилство и родова и дискриминација по основ на сексуална ориентација. Покрај тоа, не постои формално сексуално образование, како и конзистентна и бесплатна поддршка за проблемите со менталното здравје, што за жал во ова доба се доста присутни, или веројатно поради доволно информации сме посвесни за нив сега од кога било, се истакнува во соопштението.

Една од главните тези, како што се додава, е дека сите сме ограничени од сопствените животни искуства и дека начинот на што бараме и нудиме помош на околината, зависи од тоа како ни се формирале тие концепти за време на развојот.

– Оваа претстава има за цел да нѐ потсети сите на фактот дека сме заедница, притоа поставувајќи ги прашањата што нѐ спречуваат да се поврземе. Оваа претстава е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, што го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и „Мрежа Стела“, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, се додава во соопштението.

Претставата „Чудо“ ќе биде изведена и утревечер, исто така од 20 часот.

Next Post

Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk