Илон Маск ја предводи инвестициската група која нуди 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира OpenAI, означувајќи нов фронт во неговата „војна“ со производителот ChatGPT, објави Волстрит џурнал.
Адвокатот на Маск, Марк Тобероф, рече дека е доставена понудата до одборот на директори на OpenAI, наведува весникот.
„Не, благодарам, но ние ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“, напиша шефот на OpenAI, Сем Алтман во објава на X, очигледно одговарајќи на понудата.
no thank you but we will buy twitter for $9.74 billion if you want
— Sam Altman (@sama) February 10, 2025
Маск поднесуваше повеќекратни тужби против компанијата со седиште во Сан Франциско, чиј шеф е Алтман.
Маск беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, кој стана водечки светски стартап за вештачка интелигенција откако тој замина во 2018 година. Тој го почна во 2023 година својот сопствен стартап за генерирачка вештачка интелигенција, xAI.