ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

(ВИДЕО) Почнува 75. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“

February 13, 2025 10:02
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Берлинале фб

Фото: Берлинале фб

Share on FacebookShare on Twitter

Во Берлин денеска почнува 75. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“. За главната награда „Златна мечка“ за најдобар филм се натпреваруваат 19 остварувања од целиот свет.

Инаку, десетдневната свеченост ќе биде отворена со домашниот воннатпреварувачки филм „Светлина“ (Das Licht), на германскиот режисер Том Твикер, којшто ќе биде претставен со специјална гала-вечер. Американскиот режисер Тод Хејнс ќе претседава со годинешното жири, додека за првпат фестивалската програма ќе ја води Триша Татл, која ќе ги претстави новите филмови во натпреварувачкиот дел. Фестивалот во германскиот главен град ќе трае до 23 февруари, се наведува на официјалната интернет-страница.

Лусил Хаџихалиловиќ ќе ја претстави својата драма „Ледена кула“ (La Tour de glace), каде што главната улога ја толкува француската актерка Марион Котијар.

Во филмот „Сина Месечина“ (Blue Moon) на американскиот режисер Ричард Линклејтер глумат Итан Хоук и Ендрју Скот.

Романскиот режисер Раду Жуде се враќа на фестивалот со „Континентал ’25“ – мрачна комедија за станбената криза и подемот на ксенофобијата и шовинизмот.

Инаку, единствениот дебитантски филм во натпреварувачкиот дел ќе биде „Жешко млеко“ (Hot milk) на британската режисерка Ребека Ленкиjевич – адаптација на романот на Дебора Леви којшто ја истражува комплексноста на мајчинството. Во тој дел, годинава има само еден документарен филм – „Времеплов“ (Стрічка часу) на украинската режисерка Катерина Горностај. Нејзиниот последен филм е хроника за воспитувачите и наставниците за време на војната.

Јужнокорејскиот режисер Хонг Санг-су доаѓа ќе го претстави својот осми филм – „Што ти вели таа природа“. Овој филмаџија веќе има освоено четири „Сребрени мечки“ последниве пет години.

Од 19 филмови во натпреварувањето, осум се режирани или со-режирани од жени, наспроти шесте лани. Берлинскиот фестивал се одликува со посветеноста на различностите и еднаквоста. Во 2019 година, организаторите ја потпишаа Повелбата за еднаквост и различност, обврзувајќи се на поголема транспарентност во изборот на филмови и на состав на нивните управни тела.

Во воннатпреварувачкиот дел ќе биде прикажана и научно-фантастичната црна комедија на Бонг Џун-хо „Мики 17“. Ова е негов прв филм на „Берлинале“ по „Паразит“ којшто му го донесе и престижниот „Оскар“.

Фестивалот ја доделува „Златната мечка“ за најдобар филм, „Големата награда“ на жирито, како и „Сребрени мечки“ за најдобар режисер, глумец, глумица, сценарио и филмска музика. Основан е во 1951 година и, од 1978., се одржува редовно секоја година во февруари. Секоја година, фестивалот е домаќин на околу 20.000 претставници на филмската индустрија од 120 земји и продава околу 330.000 влезници, што го прави најпосетениот ваков настан во светот.

„Златната мечка“ лани отиде кај филмот „Дахомеј“ на француско-сенегалскиот режисер Мати Диоп.

Од 1992 година, „Берлиналето“ ја доделува наградата Теди за филм кој ја обработува темата на ЛГБТ-заедницата. Во 2020 година, организаторите ја повлекоа наградата „Алфред Бауер“ – именувана по поранешниот директор на Фестивалот, по откривањето дека тој имал врски со нацизмот.

Tags: Берлинале
Next Post

Полската книжевна ѕвезда Мира Марќинув гостува во Скопје

НАЈНОВО

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Би-Би-Си ѝ се извини на принцезата Кетрин поради погрешно ословување во преносот за Денот на сеќавањето

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk