Потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс се сретна со Алис Вајдел, лидерка на германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), јави ДПА.
Средбата се одржа во хотел во Минхен, каде што Ванс учествува на годишната Минхенска безбедносна конференција.
Претходно, во своето обраќање на конференцијата, Ванс ја критикуваше стратегијата на германските партии кои се обидуваат да ја изолираат АфД и упати остри забелешки за демократските процеси во Европа.
Состанокот меѓу Ванс и Вајдел се случува само една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 23 февруари.