ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски во Минхен на средба со претседавачот на Конференцијата за безбедност и со хрватскиот премиер Пленковиќ

February 15, 2025 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во рамките на работниот престој во Минхен, Сојузна Република Германија денеска оствари средба со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, информираат од Владата.

Како што наведуваат оттаму, на средбата се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот, како и за можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста.

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура. Тој нагласи дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Двете страни се согласија дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска оствари билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Средбата се одржа во духот на пријателските односи меѓу двете земји, при што беше нагласена важноста на продолжувањето на политичкиот дијалог и економската соработка.

Двајцата премиери разговараа за билатералните односи, евроинтегративниот процес и предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Премиерот Мицкоски изрази благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.

Премиерот Пленковиќ ја потврди поддршката на Хрватска на патот кон Европската унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес.

Во текот на денот Мицкоски ќе земе учество во дел од активностите на Минхенската безбедносна конференција, каде ќе има свое обраќање на панел дискусијата на Форин Полиси, говерејќи за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво, се истакнува в владиното соопштение.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зеленски од Минхен: Време е да се формираат „европски вооружени сили“

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk