ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За една година „внатрешниот долг“ зголемен за 217 милиони евра

February 18, 2025 15:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

На годишно ниво, јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го „набилдаа“ внатрешниот долг, со пораст од над 217 милиони евра. Зголемување на доспеаните а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на „Порталб“ само три фирми во државна сопственост „генерираат“ дури 38 отсто од вкупниот внатрешен долг.

Јавните државни и локални претпријатија „лидери“ според долгот

На крајот од 2024 година, вкупниот внатрешен долг изнесувал 626,3 милиони евра, што е за 217,4 милиони евра повеќе од доспеаниот долг пријавен во 2023 година. Новите сумирани податоци за 2024 година покажуваат дека на годишно ниво доспеаните а неплатени внатрешни обврски се зголемиле во скоро сите групи на субјекти, и на централно и на локално ниво. Тренд на намалување на долгот има на полугодишно ниво – на крајот на првата половина од 2024 година внатрешните обврски изнесувале 660,8 милиони евра и во однос на второто економско полугодие се намалени за 34,5 милиони евра.

Споредбената анализа на „Порталб“ на годишно ниво покажува дека повеќе од двојно е зголемен доспеаниот долг на јавните претпријатија и на трговските друштва во државна сопственост – од 167,5 милиони евра во 2023 година, тој се зголемил на 343,5 милиони евра во 2024.

Според висината на долгот, на второ место се општинските јавни претпријатија кои на крајот од минатата година, исто така, значајно го зголемиле долгот во однос на 2023 – пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 113,7 милиони евра, што е за скоро 38 милиони евра зголемување во однос на декември 2023 година.

Општините со доспеани а неплатени обврски во износ од 60,7 милиони евра се трети на листата „субјекти со највисок долг“ и обврските во однос на крајот од минатата година се зголемиле за 2 милиони евра. Јавното здравство за една година го намалило долгот за скоро 7 милиони евра, со што тој на крајот од минатата година изнесувал 54,4 милиони евра, но и покрај намалувањето, овој сектор и натаму котира високо според износот на доспеани а неплатени обврски.

Останатиот дел од внатрешниот долг отпаѓа на буџетските корисници од прва и втора линија (министерства, агенции, институции од образование, култура, социјална политика..), потоа на регулаторните тела, планските региони.

По кој основ најмногу се должи?

Новите сумирани податоци за 2024 година покажуваат дека највисоките должнички износи се за комунални услуги, греење, комуникации и по овој основ доспеаните долгови достигнале 120 милиони евра. По основ на главнина за заеми кон други нивоа на власт долгот достигнал скоро 113 милиони евра, а долгот по основ на „други тековни расходи“ изнесувал 69,4 милиони евра.

По основ на „договорни услуги“, долгот изнесувал 58,6 милиони евра, а за материјали и ситен инвентар биле пријавен доспеани а неплатени обврски од 58,2 милиони евра.

На новата должничка листа на Министерството за финансии, на прв место, со долг од 112,8 милиони евра е државната Нимагас, на второ место е државната МЖ Транспорт со 69,2 милиони евра, а на трето место е МЖ Инфраструктура со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 58,8 милиони евра.

Пресметката на „Порталб“ покажува дека само на овие три фирми во државна сопственост отпаѓа дури 38,4 отсто од вкупниот долг.

Извор: Мета.мк

Tags: внатрешен долг
Next Post

Рубио: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив и за Украина, Русија и Европа

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk