Најмалку 12 студенти загинаа во судир на автобус и камион на автопат во југоисточниот дел на Бразил, а 21 лице е повредено, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението се наведува дека возачот на камионот, кој исто така бил повреден, се обидел да побегне од местото на несреќата, но бил фатен и хоспитализиран.
Возачот подоцна е обвинет за обид за бегство од местото на настанот, убиство и нанесување телесни повреди.
Во бразилската држава Сао Паоло, каде што се случи несреќата, е прогласена тридневна жалост.
Повеќе од 10.000 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи во Бразил минатата година, соопшти Министерството за транспорт.