Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел – дискусија на тема: „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“, која ќе се одржи на 26 февруари 2025 (среда) во хотелот Холидеј ин во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти на оваа дискусија се м-р Емилија Петреска Камењарова – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), д-р Снежана Трпевска – Институт РЕСИС, Светлана Сиљјаноска – консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации и Филип Стојановски – Фондација Метаморфoзис. Тие ќе ги претстават нивните наоди и анализи на оваа тема.
Модератор на дискусијата е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите, предвидена е дискусија со учесниците и присутните на настанот.