ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работилница на Катедрата за современ танц при УГД со Елена Николова од Линц, Австрија

February 24, 2025 10:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Македонските традиционални ритми како неисцрпна инспирација за движење и експресија се во фокусот на работилницата што од 17 до 28 фебруари 2025 година, ја одржува Елена Николова како гостин-предавач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Како што соопштуваат од Филмската академија при УГД, во центарот на ова искуство кое Николова ќе го сподели во работата со студентите од прва, втора и трета година на додипломски студии, е техниката на „bouncing“ – природен пулс на телото што овозможува органско интегрирање со ритамот.

Елена Николова образованието го стекнува во Средното училиште за современ танц во Љубљана, Словенија, а го заокружува на Академијата за современ танц при Универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц, Австрија. Таа работи со реномирани кореографи како Стела Зану, Андреса Мијазато и Јоханес Виеланд, и настапува на повеќе проекти и фестивали, вклучувајќи ги „Ars Electronica“ и „Festival Leicht über Linz“ во Австрија.

-Истражуваме ритми кои носат древни приказни – ритмот на 7/8, живописен и нескротлив, оживува преку традиционалните македонски танци како Пајдушко и Право оро. Овие ритми не се само метрика на времето; тие се пулс на една култура, начин на комуникација и чествување. Учесниците не ги учат комбинциите само како композиција, туку како медиум за пренесување емоции, приказни и историја преку телото и техниката. Оваа работилница е покана за длабоко лично истражување – секој учесник се охрабрува да го открие својот уникатен танц и однос со ритамот. Играме со просторот, низ солистички, дуетни и групни танци, низ динамичен однос со музиката и нашите импулси. Ова не е само танц, туку патување во сензациите на телото, во длабочините на звукот и во слободата на движењето, вели Николова

Нејзината љубов кон македонската традиционална музика и ритми, вели таа, е особено значајна во нејзините предавања. Во работилниците што ги води, Николова во однос на начинот на кој работи, вели го комбинира современиот танц со богатите македонски ритми, овозможувајќи им на учесниците да ја почувствуваат енергијата и автентичноста на овие звуци преку движење.

Деканката на Филмската академија, професор д-р Рисима Рисимкин вели, задоволна е од соработката со младата уметница Елена Николава, која доаѓа од „Антон Брукнер“ Универзитетот, со кој имаат воспоставено, веќе традиционална соработка, преку неформалната мрежа на Европски универзитети и Академии за танц „Share“.

-Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“ постојано спроведува иновативни работилници со предавачи-гости, преку кои им овозможуваме на нашите студенти нови искуства и сознанија, со цел да се збогатат како уметници, при што им помагаме во оформувањето на професионалниот танчерски идентитет. Посебно ми е драго што Елена Николова, која потекнува од нашите краишта, ја спроведува оваа работилница, таа има прекрасен пристап и одлично ги води часовите, посочува деканката на Филмската академија, професор д-р Рисимкин.

Tags: Елена Николова
Next Post

Сто години надреализам со академик Влада Урошевиќ и Лидија Капушевска-Дракулевска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk