Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер.
– Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија.
Тој додаде дека другите делови од ѕидот би требало да бидат подигнати подоцна долж копнената граница помеѓу Турција и Грција, долга околу 200 километри.
Мигрантите се обидуваат да стигнат до Грција од Турција, главно по морски пат.