Триесет и две лица се повредени и пренесени на копно, кога пожар зафати танкер за нафта и товарен брод кои денеска се судрија во Северното Море, во близина на источниот брег на Англија.
Британската агенција за поморство и крајбрежна стража соопшти дека на местото на несреќата се испратени неколку спасувачки бродови и специјализиран хеликоптер. Во операцијата учествуваат и противпожарни бродови во близина на градот Хал, околу 250 километри северно од Лондон.
Спасувачката акција е во тек, а Скај њуз објави видео на кое се гледа како од двата брода излегува густ црн чад.
Се верува дека во судирот учествувал нафтен танкер кој плови под американско знаме, сопственост на компанијата „MV Stena Immaculate“, кој превезува хемикалии и нафтени деривати. Според податоците од сајтот „VesselFinder“, бродот испловил од Грција и во моментот на несреќата бил закотвен.
Товарниот контејнерски брод „Solong“, кој плови под португалско знаме, пловел од Грејнџмут, Шкотска, кон Ротердам, Холандија.