Во Филхармонија вечер концерт ќе одржи шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон. Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, а неговиот последен сингл е „Finally“, балада која ја вклучува Третата симфонија на Брамс.
-Шведскиот уметник Џеј-Џеј Јохансон, почнува да компонира како тинејџер, но дури во август 1996 година го објавува деби албумот „Whiskey“. Албум снимен во студиото Break My Heart во Стокхолмскиот Архипелаг. Брзиот успех на албумот, окарактеризиран со неговиот џез вокал над трип-хоп ритам, поддржан од филм ноар аранжмани, го одведе Џеј-Џеј на неговата прва од многуте светски турнеи. Речиси 30 години подоцна, по андерграунд хитовите „So Tell the Girl that I Am Back inTown“, „Believe In Us“, „On the Radio“ и „Heard Somebody Whistle“, соработувајќи со Cocteau Twins и The Knife, Џеј-Џеј е сè уште активен како и секогаш, а штотуку го издаде својот 14-ти албум „FETISH“ и започна нова турнеја низ светот, се вели во најавата за концертот.
Џеј-Џеј има објавено 14 албуми, кои иако се разликуваат сепак имаат НЗС во неговиот џез вокал и „филм ноар“ аранжмани.
-Неговата популарност е голема и во модните кругови, откако песната „Вертиго“ е избрана од Ралф Лорен за модно шоу пролетта 2022 во Њујорк. Истата година Баленсијага ја зема „Девојката со сонце во нејзините очи“, пијано тема, за саундтрак на своја дигитална кампања. Joхансон е под големо влијание на Чет Бејкер, за кого вели дека е магичен. И бојата на неговиот глас е слична на Чет, а како пресвртница во неговиот стил (премин од џез аранжмани кон хип хоп) ги наведува раните албуми на Портисхед, соопштија организаторите на концертот.