Деновиве на социјалните мрежи стана вирална објавата во која се вели дека шведскиот производител на електрични автомобили Polestar им нуди на сопствениците на Tesla 5000 евра за да се разделат со Илон и да купат нов Polestar 3. Кампањата се нарекува „Tesla Conquest“ и бројот на поставени нарачки е „неверојатен“.
Објавата предизвика огромен интерес и има десетици илјади споделувања, лајкови и коментари.
Како што пренесува МСН, на 22 февруари, шведскиот производител на автомобили Polestar започна невидена маркетинг кампања.
Сакате да го промените вашиот автомобил и да ја продадете вашата Tesla? Polestar ви дава можност да се дистанцирате од Илон Маск. Преку огромната кампања за заведување насловена „Тесла освојување“, шведскиот бренд, создаден од Волво, очигледно се надева дека ќе ги привлече разочараните сопственици на Тесла, пренесува медиумот Demotivateur.
Маск повеќе не е поволен на пазарот на електрични автомобили. Многу клиенти ја отфрлаат пренесената слика на милијардерот, чија екстремистичка политика не е универзално поддржана.
Конкурентите на Tesla, вклучително и Polestar, гледаат на промената на пазарот на електрични автомобили како вистинска можност. Марката си постави предизвик да ги привлече разочараните клиенти на Tesla и да ги натера да инвестираат во моделот Polestar 3. За да го стори тоа, нуди бонус од 4.600 евра и договор за лизинг со повластени услови, вклучувајќи осигурување, одржување и поправки, пренесува Demotivateur. Уште повеќе, купувачите нема да мора ни да ја продаваат својата Tesla за да ја искористат понудата, бидејќи сè што треба да направат е да докажат дека навистина го поседуваат електричниот автомобил.
Полестар не се срами за ова. Нивната „Понуда за освојување на Тесла“ очигледно се покажа неверојатно популарна.
Според американскиот шеф на продажба на Polestar, Џордан Хофман, потегот бил успешен. „Оваа недела се забележани некои од деновите со највисоки нарачки за Polestar 3, а одговорот на нашата понуда за освојување на Tesla беше неверојатен“, објави Хофман на LinkedIn. „Произведен во САД, Polestar 3 ги врти главите и возачите прават потези – јасно е дека им се допаѓа она што го носиме на масата“.
Драган Мишев / Цивил Медиа