ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костовски од СДСМ со поддршка за студентите во Белград, вицепремиерот Стоилковиќ му врати со погрден коментар

March 15, 2025 19:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Организацискиот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Мартин Костовски, на својот Фејсбук-профил објави порака „Пумпај“, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. Со тоа, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград.

Зборот „пумпај“ одекнуваше на сите досегашни протести во Србија. Со тоа, стана вирален лајтмотив.

По објавата на секретарот на СДСМ, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, направи принтскрин од статусот на Костовски и го сподели на неговиот приватен фејсбук-профил со коментар: Напумпамо ве на избори. Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав …, пишува Стоилковиќ.

СДСМ преку писмено соопштение најостро ги осуди ваквите , како што велат, „шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук“.

Лажната вест за ДУП во Трнодол е уште еден доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е партија која фукционира само со лажни вести

-Пораката кон Мартин Костовски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер.  Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претставниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши. Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите, стои во реакцијата на СДСМ.

Во Белград денеска се одржува масовен протест на студенти и граѓани од целата држава, што се смета за кулминација на три и пол месечните демонстрации на кои се бара одговорност за загинувањето на 15 лица при уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција и без политички притисок и влијание на институциите.

Next Post
Фото: Скриншот. Н1. Белград протести

Студентите во блокада: Нашиот протест заврши, фрлани камења од Паркот Пионер

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk