ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

March 25, 2025 12:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Сериозноста на трагедијата во Кочани која ја погоди цела Македонија и во која заубивме 59 млади животи гласно повикува на непристрасна истрага за лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок. Од првиот ден СДСМ дава силна поддршка на независна, темелна и неселективна истрага која ќе лоцира одговорност за сите поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари. Државата, институциите, мора да покажат капацитет да ја спроведат правдата до крај. Тоа им го должиме на семејствата на жртвите, на граѓаните и на иднинте генерации. Ваков ужас, вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат, истакна на денешната прес-конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – директор на Центарот за истражување и анализа.

Од она што досега се случува со текот на истрагата и за што имаме информации, Фрчкоски вели дека СДСМ изразува длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

„Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани. Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата? Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан“, вели Фрчкоски.

Тој истакнува дека „Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови“.

„Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил? Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор. Јавноста има право да знае зошто, ако се гони поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период. Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко. СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите!“, потенцира Јон Фрчкоски.

Tags: ДПИЈон Фрчкоскитрагедија во Кочани
Next Post

Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk