Гренланд ќе ги зајакне своите врски со Данска додека не стане суверена нација, изјави во понеделникот за Ројтерс идниот премиер на арктичкиот остров, истакнувајќи дека полуавтономната данска територија на крајот сака да стане независна.
Јенс-Фредерик Нилсен (33) во петокот положи заклетва како премиер на Гренланд и ќе ја предводи четирипартиската коалициска влада во услови на предизвици наметнати од амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп да го контролира островот.
„Гренланд никогаш нема да биде дел од Америка… Ние сакаме да тргуваме. Сакаме силно партнерство за националната безбедност, се разбира, но го сакаме тоа во взаемно почитување. Никогаш нема да бидеме на продажба и никогаш нема да бидеме Американци“, рече Нилсен.
М.Д. / Цивил Медиа