ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски

April 2, 2025 16:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап, велат од Владата откако денеска раководството на Сојузот на синдикати на Македонија побара зголемување на минималната плата на 500 евра или избраните и именуваните лица да земат минимална плата.

– Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас. Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму велат дека за премиерот да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа, како што посочуваат, да има договор да се најде на листите на СДСМ.

– Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат, велат од Владата.

Членовите на највисоките тела на  Сојузот на синдикати на Македонија денеска одржаа јавна седница пред законодавниот дом, Владата и Стопанската комора на Северна Македонија од каде побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата.

ССМ бара зголемување на минималната плата на 500 евра и зголемување на останатите плати во државата, во спротивно најавува генерален штрајк и протест. Според синдиактот, донесената одлука за зголемување на минималната плата за 1.800 денари е противзаконска затоа што не е помината на седница на Економско-социјалниот совет каде членуваат трите социјални партнери. Ова, според ССМ, се случува првпат откако е донесен Законот за минимална плата.

Од Владата, пак, остануваат на ставот дека зголемувањето на минималната плата е законско.  Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во изјава за медиумите рече дека демократско право е на секого да протестира, но дека зголемувањето на минималната плата е направено согласно законските критериуми.

Next Post
Maddi Bazzocco/Unsplash

Дали чоколадното млеко е здраво за децата?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk