ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Американските компании сметаат дека царинската војна на Трамп е штетна

April 7, 2025 16:10
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Американските компании не го одобруваат воведувањето на царините објавени од претседателот Доналд Трамп и се загрижени од нивното влијание врз економијата, пишува „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на изјави од топ менаџери.

Некои укажале дека не сакаат јавно да ја критикуваат политиката на Трамп поради страв од одмазда.

-Не сакаш да бидеш едно од многуте кучиња што лаат, можеби токму тебе ќе те застрелаат, рекол еден од директорите.

Еден соговорник предложил да се свика приватна средба на топ менаџерите со Трамп за да му се објаснат последиците од царинската војна, дека растот на цените и загубата на работни места кај гласачите може да му нанесе огромна политичка штета. Трет извор повикал на „мека“ форма на лобирање преку советници како министерот за финансии Скот Бесент.

Некои компании веќе дискутираат преместување на производството во САД и реорганизација, но се двоумат колку далеку да одат поради непознаница колку може да трае сегашната политика. Тие се надеваат Белата куќа да ја олесни царинската политика.

Трамп минатата недела воведе увозни царини од 10 до 50 отсто за стоки од 185 земји. Ова предизвика пад на берзите и загуби во висина од 2,7 трилиони долари. Многу економисти и аналитичари стравуваат од рецесија во САД. Иако дел од компаниите ја зеле во предвид оваа ситуација, методологијата на воведените царини од страна на Белата куќа ги направила анализите неупотребливи.

Херолд Хем, поддржувач на Трамп и директор на нафтената компанија Continental Resources, ја поддржува оваа индустриска политика, но предупреди дека падот на цените на енергенсите може да биде штетен. Трамп, пак, ги повика Американците да „се држат цврсто“ со порака дека крајниот резултат од воведените цаини ќе биде „историски“ поволен за САД.

Next Post

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk