ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Вработените во Културата понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

April 8, 2025 14:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Власта на ДПМНЕ ги понижува работниците и ги гази нивните права. За прв пат, минималната плата беше договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите што резултираше со „зголемување“ од срамни 1.800 денари. Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%. И вработените во Култура се соочуваат со истите понижувања, на денешната пртес-конференција истакна потпртседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Таа вели „се чекаат некакви „насоки“ од Министерството за култура, како да станува збор за доброволна акција, а не за законска должност“.

„Власта ја одолговлекува исплатата на законското зголемување според Општиот Колективен договор за јавен сектор. Тој колективен дговор беше потпишан во 2019 година, во време на СДСМ со што платите во културата ги зголемивме за 53%. Со промената на власта покачувањата на платите се запрени. Изговорите се апсурдни, тенденциозни и далеку од правни – лични желби и тивки одлуки на поединци го диктираат стандардот на оние што ја градат културната сцена на оваа држава. Наместо јасна поддршка – нова доза понижување на вработените во културата. Во дел од институциите под надлежност на министерството за култура веќе се доставени насоки што директно го прекршуваат Колективниот договор, а платите ќе бидат пониски дури и од тие исплатени во февруари. Иронично, само затоа што не се усогласени со растот на минималната плата иако и тоа е законска обврска“, изјави Костова.

Таа потенцира дека „ова не е само беззаконие – ова е казнување на културата“.

„Бараме итна реакција Министерството за култура да постапува според закон, а не според лични инструкции. Вработените во културата заслужуваат достоинство, сигурност и почит. Платата не е милостина. Таа е право“, рече Костова.

 

Tags: колективен договорКостовакултура
Next Post

Двајца браќа осомничени за убиство од користољубие во кривопаланечко Луке

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk