Сараевското народно позориште ќе гостuva vo MNT на 21 и 22 мај 2025 година, со две претстави.
На 21 мај во 20:00 часот, ќе се одигра првата претстава – „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан Рибиќ, Сара Сексан, Белма Салкуниќ-Бектешевиќ, Милан Павловиќ, Ален Коњиција, Харис Биџан, Риад Љутовиќ и Амра Капиџиќ. Авторот на претставата, Игор Штикс, ги поставува прашањата: „Книга или живот?“, „Театар или живот?“.
Тој истакнува дека „Сараевскиот трговец“ поминал долг и необичен пат од идеја до реализација.
„Поминаа повеќе од 17 години од попладневниот разговор со пријателите Шејла Камериќ, Јован Марјановиќ, Огњен Диздаревиќ и Емина Кујунџиќ за филмска адаптација на познатото спасување на сараевскиот Хагада од Земаљскиот музеј во јуни 1992 година. Фактот што добив покана да напишам драма за стогодишнината од основањето на Националниот театар дополнително ја разгоре мојата имагинација. Така се роди ликот на Фридрих фон Дитрих – човек од Прага кој, непосредно пред Првата светска војна, доаѓа во Босна за да изгради Народно позориште во Сараево. Како Херцеговскиот Fitzcarraldo, кој сонува за опера среде Амазонија! А можеби токму тој, откако Лијешевиќ беше спречен да го режира овој текст, повика друг човек од Прага – овојпат од крв и месо – режисерот на оваа претстава, Михал Дочекал. Претставата е посветена на Јозеф Коен и на сите чувари и спасители на Хагадата.“
Во авторскиот тим се потпишуваат: Џорџо Урсини Уршиќ – драматург, Давид Марек – сценограф, Лејла Хоџиќ – костимограф, Мирза Реџепагиќ – композитор, Дино Хујиќ – видео дизајнер, Моамер Шаковиќ – дизајнер на светло, Бранко Векиќ – дизајнер на плакат, Велија Хасанбеговиќ – фотограф, Омар Шело – асистент сценограф, Ајла Бешиќ – асистент режисер, Мустафа Зрниќ – инспициент и Есмералда Абдијевиќ – суфлер.
На 22 мај во 20:00 часот ќе се изведе и претставата „Селска опера“.