Арсенал убедливо го совлада вечерва Реал Мадрид на домашен терен со 3-0 (0-0), додека Интер извојува гостинска победа над минхенски Баерн со 2-1 (1-0), во првите четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ).
Арсенал пред своите гледачи во Лондон стекна убедлива предност пред реваншот преку двојниот стрелец Деклан Рајс, и двата од слободни удари (58, 70) и Микел Мерино (75).
Интер, исто така, со предност го очекува реваншот на домашен терен во Милано, благодарение на головите на Лаутаро Мартинез (38) и Давиде Фратези (88). Почесниот гол за Баерн го постигна Томас Милер (85).
Во рамки на воведните четвртфинални пресметки, Барселона утревечер е домаќин на Борусија Дортмунд, додека ПСЖ ја пречекува Астон Вила.