Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчич денеска втор ден ја продолжува првата официјална посета на земјава.
Клакочар Зупанчич денеска ќе биде примена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а ќе има средба и со Антонијо Милошоски, потпоретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и со членовите на групата.
Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска, пак, ќе се сретне со Уршула Зоре Тавчар, генерална секретарка на Државниот збор на Република Словенија.
Клакочар Зупанчич на вчерашниотпрв ден од официјалната посетана земјава со високи државни почести беше пречекана од претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши. Таа на заедничката прес-конференција со Гаши истакна дека Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат.
-Сакам да потенцирам дека Словенија е континуиран и ангажиран поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ и ќе ги нуди своите искуства и поддршка и понатаму. Убедена сум дека при тоа секогаш позитивно за проширување на регионот ќе биде фактот и тоа дека новиот комесар за проширување е Словенка госпоѓа Марта Кос. Парламентот на Република Словенија секогаш е секогаш подготвен за размена на искуства и вредности на ниво на парламенти и стручни служби и пратеници, сето тоа придонесува кон поефикасно работење на македонското Собрание во период на влегување на патот кон Европската унија. Се радувам на времето и денот кога ќе можеме да ја поздравиме Северна Македонија како рамноправна членка на ЕУ, рече таа.
Клакочар Зупанчич нагласи дека таа лично смета дека што побрзо треба да се случи влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ.