Тимот на Оклахома сити синоќа на гостински терен го совлада Њу Орлеанс со 115:100.
Тандер го завршија регуларниот дел од сезоната со скор од 68 победи и 14 порази и со рекордни достигнувања.
Во просек, Оклахома Сити ги победи противниците со 12,9 поени разлика. Тоа го надминува рекордот на Лејкерс од 1971/72 година од 12,3 поени по натпревар.
– Го цениме она што го постигнавме, но сè уште сме гладни, изјави Марк Дејно, тренерот на Оклахома.
Оклахома го има шестиот најдобар биланс во историјата на франшизата. Тие се послаби само од Голден Стејт 2015/16 (73-9), Чикаго 1995/96 (72-10), Чикаго 1996/97 (69-13), Лејкерс 1971/72 (69-13) и Филаделфија 1966/67 (68-13).
Највисока просечна разлика во победи претходно постигнаа: Лејкерс 1971/72 (12,3 поени), Милвоки 1970/71 (12,3), Чикаго 1995/96 (12,2), Голден Стејт 2016/17 (11,6) и Бостон 2023/24 (11,3).