ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Велигденски концерт на Македонската филхармонија

April 16, 2025 09:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го одржи Велигденскиот концерт насловен „Низ трње до ѕвездите“ на кој првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално–инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт. Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор Дурловски.

Настапува и хорот „Едикт“ од Ниш.

Маестра Ребека Тонг е матичен диригент на Симфонискиот оркестар на Џакарта и уметнички директор на Ансамблот за современа музика во Џакарта. За време на студиите работела како асистент во Филхармонискиот оркестар на Би-би-си и со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул. Соработувала и со „Манчестер камерата“. Во сезоната 2020/21 година дебитирала со Оркестарот на Париз, Францускиот оркестар на Националната опера, Оркестарот „Моцарт“ од Париз… Во 2019 година ја добива наградата „Таки“, која ѝ овозможува блиска соработка со американската диригентка Марин Алсап. Соработувала со гудачкиот квартет „Great Wall“, Џеси Чанг, Џеф Тајер, Челси Пен. „Џакарта пост“ ја нарече „предводник на индонезиската класична музика“. Репертоарот на Тонг опфаќа симфониска, оперска и камерна музика. Посетувала мастеркласи кај ментори како сер Марк Елдер, Марк Шанахан, Кларк Рандел, Марк Херон, Нил Варон… Магистрирала оркестарско диригирање кај проф. Марк Гибсон, на Музичкиот конзерваториум во Синсинати, САД.

Гонца Богоромова Краповски е уметница која своите достигнувања успешно ги афирмира на домашната и меѓународната концертна сцена како една од најистакнатите вокални уметници од  помладата генерација на солисти во нашата земја. Има активна и сестрана кариера како солист, педагог и камерен музичар. Како изведувач, таа остава силен впечаток со обемот на репертоарот кој вбројува дела од периодот на барокот, класицизмот, романтизмот и современата музика на 21 век, и важи за сопран со софистициран уметнички израз и исклучителна вокална техника.

Настапува со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар од Минхен, оркестарот на Државната опера од Пловдив и оркестарот на Македонската опера и балет. Настапува со исклучителните пијанисти како Милица Шкариќ, Марија, Вршкова, Елена Атанасовска, Милен Станев, Вјара Шуперлиева, Димитри Василакис … Посветена на концертната дејност, таа е уметник која настапува на сите реномирани фестивали во земјава: „Скопско лето“, „Есенски музички свечености“, „Златна лира“, „ДММ“, а на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ го остварува своето концертно деби каде заедно со ансамблот „Алтус“ беше изведена светска премиера на дела од композиторскиот опус на Панде Шахов. Со настапите на 62-то и 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“, Богоромова се потврдува како уметник со голем афинитет кон современото македонско музичко творештво.

Одликувана како „претставник на младата генерација на квалитетни пејачи“ со „блескаво чист глас“, македонската сопранистка Милена Арсовска ја започна својата кариера на многу млада возраст во Македонската национална опера. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за музичка уметност во Скопје, со диплома за музика cum laude и магистрира на МУК, Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена. Студиите ги продолжува со учество на мастер класи кај реномирани пејачи како Мариела Девиа, Красимира Стојанова, Клаудија Виска и Илко Начев. Милена Арсовска ја започна својата сезона 2024/25 со голем успех како солист во 2-те прекрасни дела, Втората симфонија на Малер и Миса Солемнис од Бетовен со Националниот синфониски оркестар во Богота. Оваа сезона таа дебитира и во “La Boheme” како гостин на Театарот Вилки в Лоџи во улогата на Музета. На почетокот на новата година таа дебитира на Новогодишен гала концерт со Синфониски оркестар на Сицилија во Палермо. Нејзините ангажмани во театарот Мајнфранкен во Вурцбург оваа сезона ги вклучуваат улогите на Глауче во “Медеа”, Софи Шол во “Белата роза” и Микаела во “Кармен”.

Благој Нацоски е нашиот најпознат тенор во светот. Особенo ценет за неговиот префинет стил при изведбите и извонредната музикалност, Нацоски во изминатите години бележи огромни успеси во Миланската скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија… Кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри како „Сан Карло“ во Неапол, „Реџо“ во Парма, Операта во Каљари, „Верди“ во Трст, „Карло Феличе“ во Џенова, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската државна опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната опера во Штутгарт, Кралската опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната опера во Прага, Операта во Лимож, Гран театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори хол во Токио, Рјутопиа центарот во Ниигата, Национална опера во Варшава, Градскиот театар во Клагенфурт, Националната моравска опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил, пеејќи главни тенорски ролји. Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа Сонот на Скипион за Дојче грамофон и Аријадна на Наксос за ТДК и ЦД на Лучија од Ламермур за Динамик, Ромео и Јулија заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, Зенобија во Палмира за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс, Блу-Реј од претставата Турандот од Миланска скала повторно за ДЕККА.

Игор Дурловски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје и ја завршил својата магистратура со највисока оценка – cum laude. Дурловски дебитирал во 1999 година во Македонската опера, каде што учествувал во повеќе од 20 премиерни продукции. Неговото меѓународно деби било во Виенската  камерна опера (Wiener Kammeroper) во улогата на Нонакур во „Il cappello di Paglia di Firenze“ од Нино Рота, по што следеле улогите на Плутон во „Ballo delle Ingrate“ и Плутоне во „Euridice“. Во сезоните 2009 – 2011 настапувал во бројни продукции во Државниот театар во Касел (Staatstheater Kassel). Во 2013 година дебитирал во Операта во Лајпциг (Leipziger Opera) како Грома/Крал на самовилите во „Die Feen“ од Вагнер, а истата година настапил и на Бајројтскиот фестивал (Bayreuth Festspiele). Во 2014 година дебитирал во Линцер Ландестеатар (Linzer Landestheater) во улогата на Зарастро во нова продукција на „Волшебната флејта“ („Die Zauberflöte“). Во 2015 година настапил во Државниот театар во Штутгарт (Staatstheater Stuttgart) во улогата на Аницето во „Berenike“. Во 2016 година дебитирал во улогата на Тимур во „Турандот“ во Макао, Кина, а во 2017 година настапил во Операта во Хонгконг со „Аида“. Здружението на македонски композитори му ја додели наградата „Георги Божиков“. Исто така, бил лауреат на меѓународниот натпревар „Jeunesses Musicales“ во Белград.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: велигденски концертМакедонска филхармонија

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk