Околу 68.000 работни места во Италија може да бидат укинати поради царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска италијанската Парламентарна буџетска канцеларија.
Како што јави италијанската новинска агенција АНСА, канцеларијата предупреди дека на целата италијанска економија може да се соочи со негативни последици поради овие трговски мерки.
Најпогодени сектори би биле фармацијата, рударството, автомобилската индустрија, хемиските производи, металуршките дејности и производството на машини.
Според плановите на Трамп, Италија, која има голем трговски суфицит со САД, ќе подлежи на сеопфатна царина од 20 отсто, заедно со другите земји од Европската унија.