ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците

April 18, 2025 09:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска трговците се должи на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговеци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите има должност дневно да ги објавува цените на стоките кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник). Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на веб страницата треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Според надлежните, со ваквиот начин на објавување на продажните цени ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.

– Измените на Законот стапија на сила на 4 март и со нив е предвидено во рок од 45 дена од објавувањето на законот во Службен весник секој трговец на мало и големо да ја објави тековната продажна цена на производите. Согласно законките измени и Правилникот што го изготви Министерството за економија и труд, трговците почнувајќи од 18 април ќе мора да ги објавуваат цените на својата веб страница, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференцијата во средата.

Изземање од ваквата одлука вчера побараа од Здружението на приватни аптеки, според кое аптеките не треба да се третираат како обични трговци.

– Сакаме да потенцираме дека аптеките не се класични малопродажни објекти, туку здравствени установи на ниво на примарна здравствена заштита, каде работи лиценциран здравствен кадар, магистри по фармација и фармацевтски техничари. Нашата основна улога е да обезбедиме здравствена услуга и фармацевтска грижа за пациентите, преку издавање и советување за употреба на лекови, следење на терапијата и едукација на граѓаните, а не да вршиме трговија во класичната смисла, изјави Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на Здружението на приватни аптеки.

Измените на Законот за заштита на потрошувачи беа донесени на собраниската седница одржана на 25 февруари, пренесе МИА.

Tags: продажни ценитрговци
Next Post
Фото: Nicolás Perondi on Unsplash

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk