Владејачката воена хунта во Мјанмар го продолжи привремениот прекин на огнот во конфликтот со бунтовниците во земјата до 30 април за да ги забрза напорите за помош и обнова по разорниот земјотрес од минатиот месец, објавија државните медиуми.
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше еден од најсилните што го погоди Мјанмар во изминатиот век. Погоди област каде живеат 28 милиони луѓе, уривајќи згради и срамни со земја цели села, оставајќи многу луѓе без храна, вода и засолниште.
Владата извести дека во земјотресот загинале 3.645 лица, 5.017 биле повредени, а 148 се водат како исчезнати. Уништени се речиси 49.000 куќи и повеќе од 2.100 владини згради.
Трагедијата е тежок удар за земјата, која се бори со економска криза и продлабочена граѓанска војна предизвикана од воениот удар во 2021 година.
Според податоците на ОН, околу 3,5 милиони луѓе биле раселени во Мјанмар долго пред земјотресот.
Хунтата и бунтовничките групи прогласија прекин на огнот за да ги поддржат напорите за надминување на последиците од земјотресот, но меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорите.