ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија

April 22, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика.

Во образложението за потребата од носење на Законот за енергетика министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека претставува обврска за транспонирање на европското законодавство поврзано со Пакетот за чиста енергија, посочувајќи дека рокот на земјава за транспонирање на директивите и регулативите од Пакетот за чиста енергија е изминат повеќе од една година.

Со новиот Закон за енергетика, додаде, се спроведуваат неколку важни чекори од реформската агенда како што се спојување со пазарот на електрична енергија на ЕУ и приклучување на европскиот пазар на ден однапред, согласно барањата на Енергетската заедница. Се предвидува и ранливите потрошувачи освен од Универзалниот снабдувач да може да се снабдуваат и од друг снабдувач со електрична енергија.

Законот за изменување и дополнување на Законот за градење беше донесен со 65 гласа „за“ и 10 „против“, а како што рече  заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири со измените се предвидува компаниите да имаат лиценци за вршење на градежни активности, а доколку работат спротивно на законот да им се одземаат лиценците во областа на градежништвото.

Изгласани беа и измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, на Законот за практикантство, на Законот за правна заштита на услугите кои се засноваат на, или опфаќаат, условен пристап, на Законот за мирно решавање на работните спорови, на Законот за стечај, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за надзор на пазарот, на Законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за процена и на Законот за авторското право и сродните права.

Едногласно со 79 гласа „за“ беа донесени  дополнетите предлог одлуки за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата.

Собранието денеска ја именува Христина Серафимовска од Штип, дипломиран економист и доктор на економски науки за директор на Агенцијата за квалитет во високото образование. Помина и одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител. Контролата ќе ја вршат Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА РЕГИОНАЛЕН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ од Неготино, Здружение на граѓани за остварување и унапредување на човековите права, одржлив локален и рурален развој и прифаќање на културната разноличност ЕДИНСТВО НА ЗАЕДНИЦИТЕ од Скопје и Здружение за поттикнување и промоција на информатиката АСОЦИЈАЦИЈА НА СТУДЕНТИ И ИНФОРМАТИЧАРИ од Скопје.

Со 9 гласа „за“ и 68 „против“ Собранието не го прифати Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2024 година. Не беше прифатен и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, бидејќи „не ги постигнал целите“, иако претходно едногласно беа прифатени Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година, Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година и Годишната програма за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2025 година. Ова пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ го оцени како лицемерие.

-Гласате против оваа точка иако претходно ги прифативте сите три точки кои се однесуваат на Годишниот извештај. Кога не ви се допаѓаат луѓето ќе ги разрешите. За оваа точка гласањето за е заради тоа што луѓето кои во овој момент ја водат комисијата не се ваши и продолжуваат да работат овие кои ги окарактеризирате како политички. Ретко ќе најдете институција која има 98 отсто успешност во работењето. Не може да се каже дека заради непрофесионалност ова раководство не чини, рече Битиќи.

Во реплика Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ рече не се работи за „ваши или наши и за подобни или неподобни, туку за  луѓе кои непрофесионално си ја вршеле работата и богателе криминалци на сметка на граѓаните“.

-Очекуваме тие кои ќе дојдат дека ќе одлучуваат професионално. Седум години цела држава знаеше како се делат тендери, а само овие во комисијата не знаеле и не виделе, рече Стојаноски.

Собранието со прост премин го заврши претресот по годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации за 2024 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година, и на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година.

Кога ќе има услови, како што информира претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе бидат разгледани годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2024 година и во второ читање.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk