ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костова: Илјадници вработени оставени без плата, СДСМ бара одговорност од власта

April 24, 2025 15:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неспособноста на Владата предводена од ДПМНЕ е на виделина. Илјадници вработени во јавниот сектор, во Култура, во Министерството за економија, Центрите за социјална работа, Пазарниот инспекторат, Трудовиот инспекторат, власта ги остави без плати, со недели после законскиот рок за исплата на плати. Ова не е административен пропуст, ова е неспособност. Но ова е и директно кршење на законските права на работниците и понижување на нивното достоинство за што треба да има одговорност. Ја повикуваме трудовата инспекција сега да направи надзор во Министерството за економија и труд, како што поднесуват кривични пријави за други работодавци за неисплатени плати да поднесат и за министерот, изјави потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова на денешната прес-конференција.

Во Македонија веќе не се зборува за економски развој, рече Костова и додаде дека не се зборува за поголеми плати туку за тоа дали Владата воопшто ќе успее да исплати плати.

„Додека функционерите на ДПМНЕ уживаат во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плати, без основна егзистенција. Тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработенте, за македонскиот работник. Дополнително, власта го одложува и процесот на усогласување на платите и не ги почитува колективните договори во голем дел од институциите. Околу 60.000 вработени во јавниот сектор требаше да добијат зголемена мартовска плата за 12.6%, согласно Општиот коелктивен договор. Додека цените и сметките секојдневно растат, власта одбива одбива да ги покачи платите во различни сектори, одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра. Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Последните податоци покажувата дека за да се покрие синдикалната минимална кошничка, потребни се речиси три минимални плати. Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување“, истакна Костова.

СДСМ бара:

Итна исплата на платите на сите вработени во јавниот сектор.

Одговорност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски.

Да се обезбеди раст на минималната и просечната плата, во чекор со растот на трошоците за живот.

Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и мора да бидат почитувани.

 

Tags: Кристина Костоваплатаработници
Next Post

Додик: Не се кријам, денеска сум во Сараево, па на слава, па ќе одам во Москва за парадата

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk