ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Здружение „Инженери на РМ“: Да се разгледа проектот „Козјак Запад“ како поисплатлива опција од „Голем Чебрен“

April 28, 2025 12:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението Инженери на Република Македонија упатија апел до Работната група за енергетика при Министерството за енергетика да ги разгледа сите опции пред донесување одлука за изградба на нова хидроелектрана. Во фокусот на нивниот предлог се споредбите меѓу две големи енергетски решенија: изградба на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и изградба на пумпно-акумулациона хидроелектрана „Голем Чебрен“.

Според нивните компаративни анализи, проектот „Козјак Запад“ нуди значајни предности во однос на „Чебрен“. Инженерите истакнуваат дека „Козјак Запад“ користи постоечко природно вдлабнување за создавање горен резервоар со преместување вода од езерото Козјак, што минимизира големи градежни зафати и ги намалува вкупните трошоци.

„Козјак Запад“ би имал складиран капацитет од околу 90 GWh — 22,5 пати повеќе од капацитетот на „Чебрен“ — и инсталирана моќност што може да надмине 1000 MW, наспроти 333 MW на „Чебрен“. Освен тоа, времето за изградба на „Козјак Запад“ е проценето на 3 до 5 години, додека за „Чебрен“ се потребни 8 до 10 години.

Во соопштението се наведува и дека цената на складираниот капацитет кај „Чебрен“ е приближно петпати повисока од онаа кај „Козјак Запад“, што, според инженерите, е клучен економски параметар за избор на најисплатливото решение. Дополнително, проектот „Козјак Запад“ би имал помало влијание врз животната средина, додека „Чебрен“ би барал изградба на масивна брана од 190 метри височина и обемни градежни интервенции.

Инженерите потенцираат дека „Козјак Запад“ би можел да обезбеди складирање на доволно електрична енергија за 100% покриеност со обновливи извори, додека „Чебрен“ би покрил околу 20% од потребите. Според нив, проценетата вкупна цена на проектот „Козјак Запад“ е нешто помала од една милијарда евра, што остава простор за дополнителни инвестиции во други обновливи извори на енергија, како фотонапонски и ветерни електрани.

Како дополнителен аргумент за изборот, се наведува и тоа дека локацијата за „Козјак Запад“ е идентификувана врз основа на Атласот на локации за реверзибилни хидроелектрани изработен од Австралискиот национален универзитет.

Инженерите изразуваат надеж дека Работната група за енергетика ќе го препознае потенцијалот на проектот „Козјак Запад“ и ќе поддржи решение кое е поекономично, побезбедно, побрзо за реализација и со минимално влијание врз животната средина.

Соопштението од Инженери на Република Македонија во целост:

ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ СИТЕ ОПЦИИ ПРЕД ИЗБОРОТ НА НОВА ХИДРОЕЛЕКТРАНА

Очекувајќи ги резултатите што ги има изготвено или ќе ги изготви Работната група за енергетика формирана од Министерството за енергетика, упатуваме апел на некој од наредните состаноци групата да ги разгледа и спореди предностите и недостатоците на две големи енергетски решенија:

  1. Изградба на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и
  2. Изградба на пумпно-акумулациона хидроелектрана „Голем Чебрен“.

 Нашите компаративни анализи покажуваат дека проектот „Козјак Запад“ нуди значајни предности.

Проектот „Козјак Запад“ користи постоечко природно вдлабнување на теренот за создавање на горен резервоар со преместување вода од езерото Козјак, кое служи како долен резервоар. Така се минимизира потребата за големи градежни интервенции и се намалуваат вкупните трошоци на проектот.

„Козјак Запад“ обезбедува складиран капацитет од приближно 90 GWh, што е 22,5 пати повеќе од капацитетот на „Чебрен“, кој обезбедува околу 4 GWh. Инсталираната моќност на „Козјак Запад“ може да надмине 1000 MW, додека „Чебрен“ е проектиран на 333 MW.

Вкупната цена за изградба на „Козјак Запад“ е значително пониска бидејќи проектот главно подразбира инсталација на турбини, цевководи и постројки, без изградба на големи бетонски брани. Цената на инсталираниот складиран капацитет кај „Чебрен“ е приближно пет пати повисока од онаа кај „Козјак Запад“, што е клучен економски параметар за избор на најисплатливо решение.

Животниот век на „Козјак Запад“ се проценува на над 100 години со минимално одржување, за разлика од „Чебрен“, каде што поради обемните градежни структури се очекува посложено и поскапо редовно и вонредно одржување.

„Чебрен“ бара изградба на 190 метри висока бетонска брана и други масивни инфраструктурни зафати, додека „Козјак Запад“ максимално го искористува природниот терен, без потреба од нови брани. Ова ја намалува техничката сложеност и го минимизира ризикот од доцнења и дополнителни трошоци.

Времето за изградба на „Чебрен“ е проценето на 8 до 10 години, додека проектот „Козјак Запад“ може да биде завршен за 3 до 5 години, што овозможува побрзо зајакнување на енергетската сигурност на државата.

Што се однесува до влијанието врз животната средина, проектот „Голем Чебрен“ има значително поголемо влијание поради потребата за масивни градежни интервенции во природното опкружување. Напротив, „Козјак Запад“ има минимално влијание и овозможува ефикасно искористување на природните ресурси.

Дополнително, „Чебрен“ зависи од протокот на Црна Река, што создава дополнителни ризици и ограничувања, додека „Козјак Запад“ функционира како затворен систем со постоечки долен резервоар — езерото Козјак — без значајна зависност од надворешни водни текови.

Клучен стратешки елемент е фактот што „Козјак Запад“ може да обезбеди складирање на електрична енергија доволно за 100% покриеност со обновливи извори на енергија (ОИЕ), додека „Чебрен“ би покрил само околу 20% од потребите. Ова е од суштинско значење за целосна зелена транзиција.

Вкупната цена за реализација на проектот „Козјак Запад“ се проценува на нешто помалку од една милијарда евра, додека „Чебрен“ чини околу една милијарда евра. Тоа остава простор за паралелни инвестиции во фотонапонски и ветерни електрани, за создавање силна и одржлива енергетска основа за иднината.

Не помалку важно, локацијата за „Козјак Запад“ е идентификувана врз основа на Атласот на локации за реверзибилни хидроелектрани изработен од Австралискиот национален универзитет, што дополнително ја потврдува стручноста и квалитетот на селекцијата.

Очекуваме Работната група за енергетика да го препознае потенцијалот на проектот „Козјак Запад“ и да поддржи решение кое е поекономично, побезбедно, побрзо за реализација и со минимално влијание врз животната средина.

Повеќе детали има на линковите:
Линк од фејзбук објавата на професорот Дејан Трајковски:
Линк од објавата на професорот Дејан Трајковски преземена од списанието ЕМИТЕР:

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Голем ЧебренЗдружение „Инженери на РМ“Козјак Запад

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk