Италијанскиот кардинал Анџело Бечиу, највисокиот функционер на Католичката црква некогаш суден пред кривичниот суд на Ватикан, изјави дека нема да учествува во конклавата за избор на нов папа.
Бечиу беше осуден на пет и пол години затвор од страна на ватиканскиот суд во декември 2023 година. Тој негира сè и е слободен до крајот на жалбената постапка.
„Имајќи ја предвид благосостојбата на Црквата… решив да ја послушам, како што секогаш сум правел, волјата на папата Франциск и да не влегувам на конклавата, сепак останувајќи убеден во мојата невиност“, рече кардиналот.
Франциск, кој почина на 21 април, го отпушти Бечиу од највисоката функција во Ватикан во 2020 година и го обвини за проневера.
Папата му дозволи на Бечиу да ја задржи својата црковна титула и неговиот стан во Ватикан, но му го одзеде она што Ватикан тогаш го нарекуваше „права поврзани со кардиналот“.
Формулацијата на таа изјава остави отворени прашања за тоа дали Бечиу сè уште може да влезе на конклавата за избор на наследник на Франциск.
Претходно беше познато дека католичките кардинали ширум светот, кои се состануваат оваа недела за да разговараат за општите прашања со кои се соочува глобалната Црква пред да гласаат за нов папа, дебатираат што да прават во врска со случајот со Бечиу.
Конклавата треба да започне на 7 мај.