ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Вештачката интелигенција – можности и ризици: И-ХИ отвори јавна дебата во Скопје

May 6, 2025 16:23
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И-ХИ Тинк Тенк, нов истражувачко-аналитички центар посветен на етичката и хумана примена на вештачката интелигенција (ВИ), вчера го промовираше својот прв позициски документ под наслов „ВИ – Меч со две сечила“.

Документот ја истражува деликатната рамнотежа помеѓу иновациите и огромните потенцијали водени од ВИ и социо-економските нарушувања што таа може да ги предизвика.

На промоцијата беа истакнати и објаснети сите позитивни трендови поврзани со оваа моќна технологија – од примената во образованието и медицината, преку роботиката и економскиот импакт, до напредокот во науката и истражувањето. Дебатата отвори и длабоки теми од општествен, социјален, правен и филозофски карактер, со особен фокус на заштитата на човековите права и слободи.

Во позицискиот документ се анализираат потенцијалите, ризиците и можните регулаторни решенија за ВИ во Северна Македонија. Документот ја нагласува потребата од балансиран пристап – искористување на предностите на технологијата, но и заштита од социо-економските нарушувања кои таа може да ги предизвика.

Според И-ХИ, вештачката интелигенција на среден рок од 5-10 години може да донесе значителен напредок, но без соодветни механизми, таа исто така носи ризик од масовни отпуштања и зголемување на социјалните нееднаквости, манипулација со информации и влијание врз демократијата, недоволна регулација што би овозможила злоупотреба во економијата и политиката.

„Трансформативната, па дури и дисруптивната моќ на вештачката интелигенција веќе носи предизвици, особено во светот, каде што се нарушува пазарот на работна сила (видливо кај техничките струки) но и овде, кај нас, на пример кај социјалните медиуми, вели Валентин Нешовски, Претседател на Тинк-тенкот И-ХИ.

Решенијата: Што препорачува И-ХИ?

За да се минимизираат ризиците, а да се искористат придобивките на ВИ, И-ХИ Тинк-Тенк предлага:
– Воведување национална стратегија за ВИ со јасни правни рамки
– Поддршка за образовни реформи кои ќе подготват идни генерации за дигиталната ера
– Социјална заштита за работници погодени од автоматизацијата, вклучувајќи дискусија за универзален основен приход
– Етички стандарди за употреба на ВИ во јавниот сектор, медиумите и индустријата
– Преземање мерки за борба против дезинформации и злоупотреба на ВИ во политички цели
– Создавање независно тело за мониторинг и надзор врз употребата на ВИ

„Вештачката интелигенција не е само прашање на технолошки напредок, туку и на општествена одговорност. Без внимателно планирање, може да се создадат нови форми на социјална нееднаквост и манипулација“, велат од И-ХИ.

И-ХИ Тинк-Тенк планира да соработува со експерти, владини институции, граѓански организации и лидери во индустријата за да помогне во развојот на регулаторна рамка која ќе осигура дека ВИ ќе им служи на граѓаните, а не обратно.

Организацијата исто така ќе спроведува истражувања, ќе организира јавни дебати и ќе учествува во креирање на политики за безбедна, фер и одржлива имплементација на ВИ.

„Но ВИ не е непријател – напротив, тоа е најмоќната алатка што човештвото ја има создадено. Прашањето е: дали ќе ја искористиме за градење похумано општество или ќе дозволиме таа да ги обликува правилата без наша контрола?

Токму затоа го формираме овој Тинк-Тенк – да поттикнеме јавна дебата и да влијаеме кај носителите на одлуки. Наместо да се разбудиме во свет каде што ВИ ќе пишува закони човештвото се уште може да ги диктира условите“, велат од И-ХИ.

„Имаме добар тим од составен од луѓе кои се врвни во своите области. Петте оснивачи се стручњаци во своите области со над дваесетгодишно искуство  и тоа во политичките науки, стратешките комуникации, информациските системи, дизајнот на процедури и развој на софтвер, до употребата на нови технологии во дизајнот и меѓународен стратешки развој во бизнис секторот. Мислам дека може да помогнеме“, вели Нешовски.

Фото: И ХИ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вештачка инелигенцијаИ-ХИ Тинк-Тенк

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk