Во време на глобална неизвесност, техно-феудализам и екстремни општествени поделби, колективот јапан@мк организира уникатен настан под наслов „Киберпанк: Надежта е револуција – Како да преживееш апокалипса“. Настанот ќе се одржи во Лабораториум, Скопје, на 10 мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
„Настанот е концептуализиран како перформанс во живо, кој ќе ги вовлече посетителите во симулирана база на отпорот во постапокалиптична реалност. Со влезницата, секој учесник станува дел од базата и добива мисии преку скевинџер хант низ шест тематски хабови. Во секој хаб ќе научат како да се справат со надгледувањето, климатската катастрофа, манипулацијата со информации, економската зависност и угнетувачките системи.
Секоја зона носи посебно искуство – од антинадгледувачка шминка и отпор хакерски туторијали, до биохаб со растенија и инсекти за преживување, како и уметнички инсталации и графити инспирирани од револуција“, информираат од Јапан нет.
Вратите се отвараат во 19:30 со цртање на графит во живо пред влезот на базата.
Музичкиот сегмент започнува во 20:00, со martiAn а со тоа започнува и скевинџер хантот
21:00 часот со LV$T, продолжува со Null, а завршува со хедлајнерот Zerosum од САД – музичар инспириран од мрачни аниме вселени и киберпанк култура.
Настанот, како што наведуваат организаторите, е за сите кои одбиваат да бидат само пасивни учесници во системот што ги угнетува. Ова е повик за будност, отпор и здружување во име на заедничка иднина.