ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Светските лидери му честитаа на новиот папа

May 9, 2025 10:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери му честитаа на новоизбраниот поглавар на Католичката црква, Лео XIV, меѓу кои рускиот претседател Владимир Путин, израелскиот и францускиот претседател, како и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на новиот папа, Лео XIV, првиот папа со американско потекло, и изрази уверување дека ќе продолжи конструктивната соработка меѓу Москва и Ватикан.

– Уверен сум дека конструктивниот дијалог и интеракција, кои се воспоставени меѓу Русија и Ватикан, ќе продолжат да се развиваат врз основа на христијанските вредности што нè обединуваат, напиша Путин во честитката објавена од Кремљ.

Израелскиот претседател Исак Херцог изрази надеж за посилни врски меѓу неговата земја и Светата Столица по изборот на новиот папа.

– Се стремиме кон зајакнување на односите меѓу Израел и Светата Столица, како и пријателството меѓу Евреите и христијаните во Светата Земја и ширум светот, се вели во пораката.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика „новиот понтификат да донесе мир и надеж“, истовремено додека вчера во Европа се одбележуваше 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, и на X на Лав XIV и „на сите католици во Франција и во светот“ им испрати „братска порака“.

Макрон во пораката го поздрави „историскиот момент за Католичката црква и нејзините милиони верници“ по изборот на Американецот Роберт Френсис Превост, првиот папа од САД во историјата.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на новиот папа, изразувајќи надеж дека Ватикан ќе продолжи „морално и духовно“ да го поддржува Киев за „повторно да се воспостави правдата и да се постигне траен мир“ со Москва.

– Украина длабоко го цени доследниот став на Светата Столица во однос на почитувањето на меѓународното право, осудата на воената агресија на Руската Федерација против Украина и заштитата на правата на невините цивили, напиша Зеленски на X.

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц му честиташе на папата Лео XIV многу брзо по изборот.

– Со стапувањето на вашата нова должност, вие давате надеж и насоки на милиони верници ширум светот во овие тешки времиња, се вели во неговото соопштение за печат.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека со нетрпение очекува да соработува со новиот поглавар на Католичката црква.

– Изборот на папата Лео XIV е момент на длабока радост за католиците во Обединетото Кралство и во целиот свет, рече тој.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави говорот на папата Лео XIV, велејќи дека тој е „моќен повик за мир, братство и одговорност“.

Шпанскиот премиер, социјалистот Педро Санчез, изрази надеж дека Американецот Роберт Френсис Превост, новоизбраниот папа Лео XIV, ќе успее да придонесе за „зајакнување на одбраната на човековите права“.

– Нека неговиот понтификат придонесе за зајакнување на дијалогот и одбраната на човековите права во свет на кој му се потребни и надеж и единство, напиша Санчез на X неколку минути по објавувањето на изборот на новиот папа.

Недолго по изборот, честитка до новиот папа упати и полскиот претседател Анджеј Дуда, порачувајќи му дека неговата традиционално католичка земја е „подготвена да ги зајакне“ своите „уникатни врски“ со Црквата.

– Република Полска е подготвена дополнително да ги зајакне овие уникатни врски – во име на заедничките вредности, во име на одговорноста за општото добро и во име на зајакнувањето на светскиот мир, напиша Дуда, кој и самиот е верник и католик.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk